Останати спортови

Димитров го доби маратонот со Рубљев за четвртфинале, Фриц подобар од Руд

Димитров го доби маратонот со Рубљев за четвртфинале, Фриц подобар од Руд

Тејлор Фриц и Григор Димитров се првите четвртфиналисти на последниот сезонски Грен Слем турнир УС Опен.

Американскиот тенисер беше подобар во четири сета од Каспер Руд и го совлада со 3-1. Фриц се радува во меч кој траеше два часа и 45 минути, каде Руд успеа да го добие првиот сет со 6-3 и да дојде до предност, но тогаш домашниот претставник стапи на сцена.

Фриц ги доби понатамошните сетови со 6-4, 6-3 и 6-2 за конечен триумф.Маратонски меч и триумф на Григор Димитров против Андреј Рубљев (3-2).

Прво бугарскиот тенисер ги доби воведните два сета со 6-3 и 7-6, а потоа Рубљев со 6-1 и 6-3 се врати во игра. Сепак, во одлучувачкиот сет Димитров успеа со 6-3 да дојде до победата.

Во четвртфиналето Фриц ќе се сретне со победникот од Накашима и Зверев, додека Димитров го чека подобриот од дуелот на Тиафо и Попирин.

To top