Рускиот тенисер Данил Медведев е шампион на АТП 500 турнирот во Дубаи, откако во финалето без борба дојде до трофејот поради повредата на Талон Грикспор, кој беше принуден да го предаде мечот.
За првпат успеа да освои втора титула на ист турнир, нешто што претходно не му поаѓаше од рака.
Неговите претходни 22 трофеи беа освоени на исто толку различни локации, што претставува навистина редок и уникатен подвиг во модерниот тенис.
До овој триумф, секој негов успех значеше нов град и нова сцена: една гренд слем титула, шест мастерс трофеи, завршниот АТП турнир, четири турнири од серијата 500 и десет од серијата 250 – секојпат на различно место.
Во 2023 година во Дубаи го совлада Андреј Рубљов во финалето, а три години подоцна повторно се искачи на врвот, конечно прекинувајќи ја необичната низа.