Холандската женска хокеарска репрезентација ја освои титулата олимписки победник во Париз, откако во финалето ја совлада Кина со подобро изведување на пенали.
По шеесет минути игра беше 1-1 (0-1, 0-0, 0-0, 1-0), Кинеските поведоа со голот на Ји Чен, а Јиби Јансен израмни за Холанѓанките. Тие беа поуспешни со 3-1 при изведувањето на пенали.
За Холандија ова е четврто злато во хокеј на трева на последните пет Олимписки игри. Бронзата ја освоија Аргентинките кои во дуелот за третото место ги совладаа Белгијките со 5-3.