Првиот светски рекет Јаник Синер обезбеди пласман во второто коло од УС Опен откако го совлада Мекензи Мекдоналд со 3-1.
Почетокот на мечот не навестуваше ваков триумф ако се знае дека Американецот го доби првиот сет со 6-2 и имаше брејк на стартот од вториот.
Тука дојде до пресврт во играта на Синер кој освои четири гема по ред, подоцна израмни на 1-1 во сетови, а во вториот, третиот и четвртиот сет вкупно загуби пет гема.
И во второто коло најдобриот тенисер во светот ќе игра со Американец бидејќи противник ќе му биде Алекс Микелсен.
Стефанос Циципас го заврши настапот на Ју-Ес Опен уште во првото коло.Грчкиот тенисер загуби од Австралиецот со грчко потекло, Танасис Кокинакис во четири сета.
Циципас седма година по ред разочарува на Ју-Ес Опен, а ова му е третпат да загуби уште на стартот, односно во првото коло.
Тој е тенисер со највисок ранг меѓу елиминираните во првата рунда на ова издание, а денеска му се придружи и 19. носител, Феликс Ожие-Алиасим. Канаѓанецот загуби во првото коло од Чехот Менсик со 3:0 во сетови.
Третиот носител на САД опен, Карлос Алкараз, успешно стартуваше на послелдниот гренслем турнир годинава, но загуби еден сет против кинескиот Австралиец Ли Ту, кој е 186-ти на АТП листата.
За Алкараз ова е 60-та победа на гренслемите, а одиграл 70 меча. Само Џон Мекинро побрзо од него стигнал до 60 триумфи на големите турнири. Алкараз го освои САД опен во 2022 година, а за да го мине првото коло му требаа два часа и 42 минути.