Останати спортови

Босанска тенисерка суспендирана на шест години

Босанска тенисерка суспендирана на шест години

Босанската тенисерка Јасмина Тињиќ е суспендирана на шест години, откако признала дека учествувала во местење натпревари. 33- годишната тенисерка е на ВТА ранг листата од 2013 година и нејзин најдобар пласман е 236 – тото место.

Таа признала дека учествувала во местење на исходите на натпреварите, нелегално обложување и примање пари во замена да не игра на највисоко ниво на натпреварите со нејзините противнички во периодот од 2017 до 2018 година.

Таа има добиено и забрана за натпреварување од четири години во Шведска, поради наместени натпревари.

To top