Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах изјави дека Олимписките игри во Париз можат да се наречат љубовна приказна.
– Мислам дека Олимписките игри во Париз во 2024 година се љубовна приказна. Спортистите, Французите и навивачите ширум светот се заљубени во овие Игри, изјави Бах.
Летните олимписки игри во француската престолнина ќе траат до недела (11 август).
Претходно, директорот за комерцијални операции на Организацискиот одбор на игрите во Париз, Демиен Рагот, изјави дека Олимпијадата во 2024 година е најпосетената во историјата на натпреварувањето. Продадени се 9,5 милиони билети.