Останати спортови

Атлетичарите на САД поставија нов светски рекорд во штафетата 4х400 метри (ВИДЕО)

Атлетичарите на САД поставија нов светски рекорд во штафетата 4х400 метри (ВИДЕО)

Атлетичарите на Соединетите Американски Држави покажаа врвна подготвеност и поставија нов светски рекорд во дисциплината 4х400 метри мешана штафета.

Тимот на САД ја мина патеката со време 3:07.41 минути во квалификациите и така обезбеди место во финалето, но и го подобри светскиот рекорд кој исто така беше во сопственост на оваа земја, а изнесуваше 3:08.20 минути.

Американската штафета на оваа трка ја сочинуваа Вернон Норвуд, Шамиер Литл, Брус Дедмон и Кејлин Браун.

To top