По објавата на Рафаел Надал дека и официјално става крај на својата богата кариера билетите за неговиот последен меч достигнаа цена од неверојатни 33.000 евра. Турнирот во Малага ќе се одигра од 19 до 24 ноември.
Платформата Виагого преку која се продаваат билетите прифаќа барања од 1.500 до 33.600 евра по билет за четвртфиналето помеѓу Шпанија и Холандија.
Кога влезниците беа пуштени во продажба, најскапите ВИП билети се продаваа по 525 евра. На трибините во салата „Мартин Карпен“ може да се сместат до 10.600 гледачи.