Денеска гости во мојот кабинет беа Никола Ѓуретановиќ, момчето коешто учествуваше на ЛОИ Париз 2024 со само 16 години, заедно со неговиот тренер Горан Стаменов.
Ја искористив оваа можност да му доделам пофалница за учеството на ЛОИ Париз 2024 и да му ја дадам мојата поддршка со овозможување за користење на базенот „Карпош” секогаш кога тоа ќе му биде потребно. Ова младо момче е нашата гордост и ја заслужува поддршката од сите нас. Уверен сум дека многу наскоро ќе нѐ израдува со голем успех на кој сите ќе бидеме горди. Никола, само напред и со успех!