Останати спортови

Американката стана највозрасна победничка во алпското скијање

Американката стана највозрасна победничка во алпското скијање

Американската легенда на алпското скијање, 41-годишната Линдзи Вон, испиша историја во Светскиот куп со триумфот на спустот во Сент Мориц, станувајќи највозрасната победничка во натпреварувањето.

Со оваа победа, Вон го урна рекордот што претходно ѝ припаѓаше на Италијанката Федерика Брињоне и го надмина подвигот на швајцарскиот великан Дидие Куше.

Вон освои прво место со време од 1:29.63 минути – резултат што ја донесе до нејзината 83. победа во кариерата и вкупно 44. во дисциплината спуст. Ова е нејзин прв триумф во Светскиот куп по повеќе од седум и пол години.

Италијанката Брињоне, која годинава победи во супервелеслаломот во Ла Туил на 34-годишна возраст, досега беше носителка на рекордот.

Пред неа, швајцарскиот ас Дидие Куше го држеше машкиот рекорд со победата во Кран Монтана во 2012 година на 37-годишна возраст.

Со денешниот успех, Вон уште еднаш докажа дека е една од најдобрите што некогаш ги имало алпското скијање – и дека возраста понекогаш е само бројка.

 

To top