Останати спортови

Алкараз: Продолжувам да учам од Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер на дело ја виде големината на најдобриот на сите времиња, откако Новак Ѓоковиќ одигра фантастично финале за да стигне до првото олимписко злато во својата кариера.

„Новак цело време говореше за таа желба да стигне до златото, сега кога се решаваше мечот, на дело ја видовме таа решителност. Таа негова глад за медал беше најочигледна во клучните моменти, што е навистина импресивно. Играв на навистина високо ниво, жалам што и тоа не беше доволно. Веќе имам кажано дека учам од поразите од Ѓоковиќ, тоа ќе биде случај и овојпат, ќе извлечам поука од овој меч“, изјави Алкараз.

To top