Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска во полуфиналето на Вимблдон славеше над рускиот тенисер Данил Медведев со 3-1, по сетови 6-7, 6-3, 6-4 и 6-4.
Иако Медведев одигра одлично во првиот сет и поведе со 1-0, немаше шанса за ништо повеќе во следните три сета.
Алкараз во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Србинот, Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети.