По освојувањето на Вимблдон шпанскиот тенисер Карлоз Алкараз даде интервју за официјалната страна на АТП ранг листата. Беше запрашан и кој е најдобриот тенисер на сите времиња.
„Кога зборуваме за бројки, Новак Ѓоковиќ, нема дилема во тоа. Но и другите двајца Федерер и Рафа ми се на врвот“, одговори младиот Шпанец.
Исто така Алкараз рече дека Холгер Рун е најголем провокатор, а Алекс Де Минаур е најпотценет играч, а Стефанос Циципас има најдобар форхенд.