Останати спортови

Алис Робинсон од Нов Зеланд победи на велеслаломот во Копер Маунтин

Алис Робинсон од Нов Зеланд победи на велеслаломот во Копер Маунтин

Новозеландската скијачка Алис Робинсон победи во велеслаломот кој се возеше во Копер Маунтин во Колорадо, САД.

Робинсон победи со најдобро време од време од 1:58,91 минута.

Австријката Јулија Шајб беше втора, со заостанување од 0,96 секунди, додека Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд беше трета, со заостанување од 1,08 секунди.

Водечка во генералниот пласман на Светскиот куп останува Американката Микаела Шифрин со 268 поени, пред Албанката Лара Колтури со 218 поени и Јулија Шајб со 180 поени.

 

To top