Македонската машка кошаркарска репрезентација има уште една шанса да напише уште една страница од историската книга на успеси, пред себе ќе го има својот добро познат ривал, некогашниот организатор на Евробаскетот во 2011 година и поранешен европски шампион – Литванија,
На 21 ноември, од 18:00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, Македонија ја пречекува селекцијата на Литванија, во третото коло од групата Х од квалификациите за Евробаскетот 2025.
Продажбата на влезниците за овој кошаркарски спектакл, кои се по симболична, и достапна цена за сите љубители на кошаркарскиот спорт, ќе се одвива преку онлајн сервисот на „МКТикетс“.
Од денес сите вљубеници на кошарката ќе може да ги набават билетите за третиот натпревар од евро-квалификациите.