Раководниот тим на КФМ и селекторот Марјан Илиевски одлучија Георгиевски да биде дел од стручниот штаб на нашата најдобра селекција во наредниот период. Борјан е син на најголемата македонска кошаркарска легенда, Благој Георгиевски-Буштур,
„Благодарност до раководниот тим на федерацијата и до селекторот Марјан Илиевски за укажаната доверба и внимание во желбите да се формира уште посилен стручен штаб во сениорскиот национален тим.
Пред нас e период со доста предизвици, лето исполнето со доста обврски, особено оној сегмент кој со себе го носат натпреварите во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2027 година.
Јасно е дека ни претстои сериозна работа и се надевам дека во деновите кои следуваат ќе формираме тим за респект.
Нема да биде лесно, но нашата работа, освен максимални услови за функционирање, ќе биде да им дадеме максимална поддршка на репрезентативците, со цел да ја вратиме кошарката онаму каде што и е местото“, заклучи тим-менаџерот.
Своите први обврски на менаџерската позиција Георгиевски ќе ги има со почетокот на подготовките на сениорската репрезентација на Македонија, која во текот на август ќе учествува во втората фаза од претквалификациите за пласман на Мундобаскетот во 2027 година.