Кошарка

„Ворнер Брос“ ги купи правата за филмски проект за кошаркарското патување на Коби Брајант

„Ворнер Брос“ ги купи правата за филмски проект за кошаркарското патување на Коби Брајант

Студиото „Ворнер Брос“ ги купил правата за филмски проект што го истражува патувањето на Коби Брајант како легенда во НБА.

Имено, сценариото за филмот „With the 8th Pick“ го привлекол вниманието на многу студија и стриминг услуги пред „Ворнер Брос“ да даде понуда што сценаристите не можеле да ја одбијат, пишува The Hollywood Reporter.

Сценариото е напишано од Алекс Сон и Гевин Јохансен, а заплетот ги следи напнатите моменти што довеле до изборот на Брајант на НБА драфтот во 1996 година.

Приказната е раскажана од перспектива на „New Jersey Nets“ и нивниот тогашен спортски директор, Џон Неш, кој размислувал да го донесе Брајант од средно училиште.

To top