Салата „Градски Парк“ во центарот на Скопје ќе доживее сериозен ремонт во наредниот период откако на денешната седница Владата донесе одлука за прераспределба на средства за оваа намена.
Во прашање е сума од 30 милиони денари (околу 500.000 евра).
„Владата, на денешната седницa донесе и Одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, конкретно од Агенцијата за млади и спорт кон Општина Центар. Станува збор за 30.000.000 денари, што согласно владината одлука, се наменети за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје“, објавија од Владата.