Кошарка на чекор до „трипл-дабл“

ВИДЕО: Ново шоу на Никола Јокиќ

Прашањето на победникот беше решен во првиот период кога Денвер оствари недостижна предност, а Јокиќ „запиша“ 16 поени.

ВИДЕО: Ново шоу на Никола Јокиќ

Екипата на Денвер беше единствената екипа ноќеска што постигна гостинска победа со убедливи 136:105 го совлада Сакраменто, а прв играч на дуелот беше повторно српскиот репрезентативец Никола Јокиќ.

Тој дуелот го заврши со 36 поени, 12 скокови, 8 асистенции и со извонреден шут од игра 14/16 за нешто под 30 минути минати на теренот.

Јокиќ реализираше и две „тројки“. Тој беше на чекор до „трипл-дабл“, но тренерот го повлече од игра.

Прашањето на победникот беше решен во првиот период кога Денвер оствари недостижна предност, а Јокиќ „запиша“ 16 поени. Одлични соиграчи имаше во Вотсон со 21 поен, Џонсон со 16 и Валанчунас со 15.

Резултати на ноќешните натпревари: Хјустон – ЛА Клиперс 115:113, Милвоки – Бостон 116:101, Њу Орлеанс – Детроит 143:120 и Сакраменто – Денвер 105:136.

To top