Кошарка експресна казна

ВИДЕО: НБА не толерира хаос – За ММА потегот Грин ќе плати 770.000 долари

НБА лигата не толерира тепачки и хаос на натпреварите. Поради тоа изрече сериозни казни за инцидентите што се случија пред два дена за натпреварот помеѓу Минесота и Голден стејт.

Хаосот го започнаа Клеј Томпсон Џејден Мекдениелс, а кулминираше кога Дрејмонд Грин во стил на ММА борец го фати за врат Руди Гобер.

Грин е суспендиран на следните пет натпревари и доби парична казна од 770.000 евра. НБА соопшти дека „должината на суспензијата делумно се заснова на историјата на Грин за неспортско однесување“.

Покрај Грин, казнети се уште тројца кошаркари и тоа неговиот соиграч Клеј Томпсон, како и Џејден Мекданиелс и Руди Гобер од Минесота. Тие сепак се извлекоа со казни од 25.000 долари.

Грин ќе биде надвор од тимот за натпреварите со Хјустон, Феникс, Сан Антонио како и за два дуели против Оклахома Сити Тандер.

To top