Кошарка All-Star викенд

ВИДЕО: Јокиќ „прсна“ од смеење, не можеше да верува што донел Вембанјама во соблекувалната

По овој одговор, следуваше урнебесна реакција на Јокиќ, а снимката стана вирална на интернет.

ВИДЕО: Јокиќ „прсна“ од смеење, не можеше да верува што донел Вембанјама во соблекувалната

Во Сан Франциско заврши All-Star викендот, а во главниот дел од овој спектакл за победа се натпреваруваа четири екипи, а во истиот тим играа Никола Јокиќ и Виктор Вембанјама.

Јокиќ и Вембанјама играа во тимот на Глобал Старс, кој го сочинуваа кошаркари надвор од Америка, а сцената од соблекувалната пред натпреварот стана вистински хит на социјалните мрежи.

Јокиќ се изненадил кога видел дека Вембанјама донел книга во соблекувалната и едноставно морал да го праша Французинот зошто ја купил.

-Дали навистина донесе книга, праша Јокиќ, а Вембанјама сериозно му одговори: „Да! Читам пред секој натпревар“.

По овој одговор, следуваше урнебесна реакција на Јокиќ, а снимката стана вирална на интернет.

Тимот во кој настапија Јокиќ и Вембанјама во финалето на Ол-стар беше поразен од тимот предводен од Шекил О’Нил, во кој настапија Тејтум, Дурант, Харден, Кари, Лилард, Ирвинг и Браун.

Победија 41:25, а најефикасен беше Тејтум со 15 поени, но за МВП беше прогласен Кари, кој постигна 12 поени и забележа 4 скока. Јокиќ за 11 минути поминати на теренот постигна само два поени.

To top