Кошарка Евробаскет 2029

(ВИДЕО) Јакимовски: Очекувам добар натпревар и победа

Натпреварот против Азербејџан македонските кошаркари го играат утре (понеделник) во Баку со почеток во 17 часот.

(ВИДЕО) Јакимовски: Очекувам добар натпревар и победа

Македонските кошаркари утре ги очекува нов натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029 на гости во Баку против Азербејџан. Еден од најистакнатите репрезентативци на досегашните три натпревари и најдобар стрелец е Андреј Јакимовски. Тој на трите дуели има просек од 22,7 поени, а против утрешниот ривал постигна 25 поени.

– Го знаеме тимот на Азербејџан, против кого во Скопје остваривме убедлива победа. Ги познаваме нивните играчи и карактеристики. Исто како и за дуелот со Луксембург и за овој натпревар имаме кусо време за подготовка. Но, очекувам да одиграме добар натпревар и се надевам на победа, изјави Јакимовски.

Натпреварот против Азербејџан македонските кошаркари го играат утре (понеделник) во Баку со почеток во 17 часот. (МИА)

To top