Славниот Шекил Онил стана првиот кошаркар чиј број е повлече во Орландо. Изминатата ноќ пред натпреварот помеѓу Орландо и Оклахома тимот му укажа најголема почест на својот поранешен кошаркар.
Во многу нешта Шекил беше прв во историјата на оваа франшица: Прв број еден избран на драфтот, прв Ол-стар играч на Орландо, прв дебитант на годината од овој тим и сега е првиот на кој му е повлечен бројот од употреба.
Првпат до НБА финалето Орландо стигна во 1995 година загуби од Хјустон Рокетс. Единственото нешто во кое не успеа Шекил во овој тим е да му донесе титула.
„Мојата професионална кариера започна тука, скоро целиот живот го поминав тука, а навивачите беа домаќински настроени, но никогаш не верував дека ќе дојде оовј ден“, изјави Шекил на церемонијата.
Дресот на Орландо го носеше од 1992 година до 1996 година, потоа се пресели во Лејкерс каде што освои три шампионски титули. За Меџик одигра 295 натпревари со просек од 27.2 поени, 12.5 скока и 2.8 блокади по натпревар.