Чарлс Баркли, Шекил О’Нил и Кени Смит го направија својот избор како селектори за претстојниот Ол-стар натпревар, селектирајќи од НБА кошаркарите кои беа избрани од медиумите и фановите.
Ова е добра најава за новиот формат, според кој на главната Ол-стар вечер ќе се игра турнир на четири екипи, од кои четвртата ќе биде составена од учесници на првата натпреварувачка вечер.
Полуфиналето и финалето се закажани за 14. февруари, а ќе се игра до 40 поени.
Сите три избрани екипи се исполнети со квалитетни играчи, но се издвојува изборот на Баркли, кој меѓу другите ги селектирал Јокиќ, Адетокумбо и Гилџус-Александер.