Валтер Таварес и раководството на Реал Мадрид најдоа заеднички јазик, ги договорија сите детали за продолжување на соработката и потпишаа нов петгодишен договор.
Новиот договор за Таварес пристигна неколку дена откако и Марио Хезоња ја обнови верноста кон мадридскиот клуб, што само ги потврдува традиционално високите аспирации на актуелниот вицешампион на Европа.