Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ би можел наскоро по третпат во кариерата да ја преземе екипата на Барселона.
Пешиќ ужива голема популарност во Каталонија бидејќи во 2003 година на Барселона и ја донесе титулара европски шампион.
Обврските кон репрезентацијата на Србија му започнуваат дури во февруари и во последните денови престојуваше во Барселона каде што го гледаше и дербито со Хувентуд, а потоа и се сретнал си претставници на каталонскиот гигант.
На состанокот присуствувале генералниот менаџер Карлос Наваро и спортскиот дирекрое Марио Бруно Фернандеш.