Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ одлучи кои 12 кошаркари ќе настапат на Олимписките игри. Пешиќ во Париз ќе ги однесе следните 12 играчи: Богдан Богдановиќ, Никола Јокиќ, Никола Милутинов, Василије Мициќ, Никола Јовиќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Марко Гудуриќ, Филип Петрушев, Алекса Аврамовиќ, Дејан Давидовац и Урош Плавшиќ.
Првиот натпревар популарните „прлите“ ќе го одиграат на ОИ против САД во недела од 17.15 часот, а потоа следуваат натпреварите со Порторико на 31. јули и Јужен Судан на 3. август.