По елиминација на Шпанија од ЛОИ 2024, воедно значеше крај на кариерата на големиот Руди Фернандез, кој се збогуваше со кошарката токму на Олимписките Игри.
Извонредниот кошаркар најпрво збогуваше од Реал Мадрид објавувајќи дека настапот на ОИ во Париз ќе биде негов последен во кариерата, по што заминува во пензија.
„Руди е прекрасен пример за играчи од целиот свет, бидејќи тој не е некој што може високо да скока или има неверојатна техника или пак височина. Сепак, Руди низ годините покажа дека ако дадеш се од себе и се обидуваш да ги поместуваш сопствените граници, можеш да ги покриеш сите слабости. Супериорната ментална сила е она што го красеше Фернандез сите овие години“, изјави селекторот Скариоло веднаш по последниот меч на оваа кошаркарска суперѕвезда.
Фернандез освои две злата на светските првенства, четири на Евробаскет и три олимписки медали (две сребра и една бронза), како и три евролигашки титули.