Поранешниот кошаркарски тренер на Реал Мадрид, Хозе Матео, ќе биде назначен за нов селектор на шпанската репрезентација.
Тренерот кој успеа да ја освои титулата во Евролигата со тимот од главниот град на Шпанија, ја „доби трката“ со Пабло Ласо, кој исто така фигурираше како замена за Серхио Скариола.
Италијанскиот стручњак се пензионираше по Европското првенство, каде што Шпанците целосно потфрлија и не успеаја да се квалификуваат во елиминационата фаза, но искусниот тренер пред стартот на шампионатот објави дека ќе ја напушти шпанската клупа, што значи дека овој лош резултат не е причина за неговото заминување.
Како што е наведено. Матео ќе остане на клупата на „фуријата“ до 2029 година, а неговите цели се да освои медали со подмладен состав на следните големи натпреварувања, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.