Ентони Едвардс беше немилосрден кон Порториканците и приреди вистински кошаркарски „шоу-тајм“ на мечот.
Ентони се истакна како прво име во победата над Порторико од 104:83 и постигна 26 поени за 17 минути на паркетот, што доволно покажува каква симултанка приреди во второто полувреме.
Втор најефикасен кошаркар на Америка беше Ембид со 15 поени, додека во редовите на Порторико се истакна Алварадо со 18.
САД на овој начин како првопласиран се пласираше во четвртфиналето на олимпискиот турнир, фаза во која ќе игра против тимот на Бразил.