Шпанскиот кошааркар Серж Ибака и официјално се врати во Реал Мадрид откако шпанскиот клуб денеска го претстави 34-годишникот кошаркар.
По 14 години поминати во НБА лигата каде настапуваше за Оклахома, Орландо, Торонто, ЛА Клиперс и Милвоки центарот се врати назад во Европа и го облече дресот на Баерн Минхен.
За германскиот клуб настапуваше со голема успешност бележејќи просек од 12.6 поени, 6.8 скокови, 1.3 блокови и 1.2 асистенции на 28 одиграни натпревари во Евролигата.