Кошарка

Серџо Скариоло нов тренер на Реал Мадрид

Серџо Скариоло нов тренер на Реал Мадрид

Шпанскиот кошаркарски тренер Чус Матео, повеќе не дел од Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.

Тој помина три години на клупата на „кралскиот“ клуб, а ќе биде заменет од Серџо Скариоло, актуелниот селектор на Шпанија, кој ќе пристигне во клубот по Евробаскетот.

Хуан Карлос Санчез, кој беше директор за кошаркарски операции 15 години, исто така заминува и ќе биде заменет од Серхио Касио Родригез.

 

To top