Бугарскиот кошаркар Александар Саша Вененков, ја завршува својата етапа во Сакраменто и наскоро се очекува да се врати во Евролигата, јавуваат американските медиуми.
Одличниот крилен центар минатата сезона замина во НБА лигата, но не се наметна во тимот, а згора на тоа имаше проблеми и со повредите. За него се заинтересирани скоро сите евролигаши, но се чини дека два клуба се во пол-позиција, а тоа се Олимпијакос и Макаби Тел Авив.
Поголема е веројатноста Везенков да се врати во Атина, каде претходно настапуваше цели пет сезони, а и навивачите на грчкиот гигант не би имале ништо против овој трансфер