Кошарка

Реал Мадрид со ново НБА засилување

Реал Мадрид со ново НБА засилување

Кошаркарите на Реал Мадрид добија нов играч за продолжението од сезоната во Евролигата и АЦБ лигата.

Станува збор за центарот од Ангола Бруно Фернандо, кој во Мадрид пристигнува по долга НБА кариера. Бруно Фернандо беше избран како вториот пик во 2019 година од Филаделфија, која веднаш го размени во Атланта.

Фернандо помина две години во овој тим, но играше многу и за развојниот тим на Хокс, пред да се пресели во Бостон Селтикс во 2021 година.

И таму најмногу време мина во развојниот тим, а подоцна играше за Торонто Репторс.

To top