Реал Мадрид планира да ја напушти кошаркарската Евролига и да се приклучи на НБА Европа.
Информацијата ексклузивно ја објави мадридскиот спортски весник АС, повикувајќи се на клупски извори.
„Разговорите со НБА напредуваа, иако договорот сè уште не е потпишан. Дијалогот е во тек и работите се движат кон соработка што ќе ја промени сликата за кошарката“, пишува АС.
Најголемиот ривал на Реал, Барселона, потпиша нов десетгодишен договор со Евролигата, со што се стави крај на шпекулациите за напуштање на елитното натпреварување.