Кошарка

Раул Нето официјално ја напушти Барселона

Раул Нето официјално ја напушти Барселона

Бразилскиот кошаркарски репрезентативец, Раул Нето, официјално ја напушти шпанската Барселона после само два одиграни натпревари во дресот на каталонскиот клуб.

Нето беше доведен како замена за повредениот Нико Лапровитола, но на паркетот мина само осум минути и самиот реши да го напушти тимот поради недоволната физичка подготвеност.

Бразилецот доживеа повреда уште на првиот натпревар против Реал Мадрид, по што следуваше едномесечна пауза од која не успеа комплетно да заздрави.

Одлуката за раскин на соработката била договорена меѓу двете страни

To top