НБА лигата официјално ги објави најдобрите поединци за месец јануари, а признанијата за играчи на месецот заминаа во рацете на Лука Дончиќ на Западот и Џејлен Браун на Истокот.
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, продолжува да испишува историја.
Во текот на изминатиот месец, тој забележа неверојатна статистика, предводејќи ја Западната конференција со: 34.0 поени, 9.1 асистенција 7.2 скокови.
На спротивната страна, Џејлен Браун беше клучниот фактор за успесите на Бостон Селтикс.
Неговата константност во нападот и одбраната му го донесе признанието во Источната конференција со просек од 29.2 поени и 7.9 скокови по натпревар.