Кошаркарите на Пелистер остварија победа против Работнички со 88:80 на домашен терен и со 3:1 ја затворија полуфиналната плеј-оф серија во Првата македонска лига.
Домаќините постојано водеа во натпреварот, одржуваа солидна предност и на крајот заслужено го добија мечот пред домашна публика.
Планиниќ беше најефикасен во составот на Пелистер со 23 поени и 13 скокови, додека Декози постигна 18 поени, пет скокови и две асистенции за Работнички.
Битолчаните по оваа победа ќе се соочат со МЗТ Скопје за трофејот во нашата најсилна кошаркарска лига.