Кошарка

Панатинаикос преку Реал до седма евролигашка титула

Панатинаикос преку Реал до седма евролигашка титула

Тимот на Ергин Атаман во првите дваесет минути беше и на минус четиринаесет, на полувреме Реал имаше пет поени предност, но случувањата на теренот тргнаа во спротивна насока по паузата.

ПАО ја зацврсти одбраната и погодуваше на спротивната страна, третиот период го заврши со позитива од три поени, а во последниот период целосно го скрши отпорот на противникот за убедлива победа (95:80) над Реал Мадрид.

За Панатинаикос ова е седма европска титула, а последен пат дојде до ваков успех во 2011 година.

Слукас со 24 поени и Нан со 21 поен беа најдобри поединци во победничката екипа, додека кај Реал, Муса го заврши натпреварот со 15 поени.

To top