Кошаркарот на Реал Мадрид Осман Гаруба ќе паузира меѓу шест и осум недели откако 22-годишниот крилен центар заработи повреда на левата нога.
Тој нема да игра во завршницата на шпанскиот Суперкуп на 21 и 22 септември во Мурсија. каде Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со вечниот ривал, Барселона.
Реал Мадрид ова лето го врати и Ибака, а на истек од договорот заминаа Козер, Поаре, Јабуселе и „пензионираните“ Родригез и Фернандез.