Кошарка

Олимпијакос се договори со Петрушев

Олимпијакос се договори со Петрушев

Српскиот кошаркар Филип Петрушев официјално се врати на „стариот континент“ и тука ќе ја продолжи својата професионална кариера.

Поранешниот играч на Црвена Звезда, Анадолу Ефес и Мега потпиша договор на три години со Олимпијакос откако во период од еден месец смени три екипи во НБА: Филаделфија, Лос Анџелес Клиперс и Сакраменто.

Настапи на три натпревари со вкупно 3,3 минути и три поени што е далеку од посакуваното во својата прва епизода во најсилната светска кошаркарска лига.

To top