Кошарка

Олимпијакос го договори Фал до 2027 година

Олимпијакос го договори Фал до 2027 година

Францускиот кошаркар Мустафа Фал потпиша нов договор со грчки Олимпијакос.

Искусниот центар се обврза на верност со грчкиот гигант до јуни 2027 година. 32-годишникот пристигна во клубот во 2021 година.

Од доаѓањето во Олимпијакос тој освои две титули првак на Грција, три во Купот и играше на двата последни „фајнал-фор“ турнири во европската елита.

Сезонава во Евролигата тој одигра 24 натпревари и има просек од 7,5 поени, 4,5 скока и 2,6 асистенции, додека игра во просек по 23 минути.

 

To top