Кошарка

Олимпијакос доби ново засилување под обрачите

Олимпијакос доби ново засилување под обрачите

Грчки Олимпијакос се соочува со огоромни проблеми сред тешката сезона откако остана без услугите на двајцата центри Мустафа Фал и Никола Милутинов.

Повредите на Французинот и Србинот го приморија грчкиот тим на изненадно засилување.

Станува збор за Американецот Мосес Рајт кој зад себе има и НБА искуство, а во грчкиот првак доаѓа по пет одлични натпревари за турскиот прволигаш Мрекежефенди каде забележа просек од 26.4 поени и 8.4 скокови при реализација од 62.5 отсто од поле. 25-годишникот потпиша договор од година и пол и ќе остане во клубот до крајот на следната сезона.

To top