Медиумите во Србија најавија дека главен фаворит за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Србија е Жељко Обрадовиќ.
Крај на тие шпекулации стави самиот Обрадовиќ, кој јасно стави до знаење дека не е заинтересиран за враќање на функцијата што ја напушти пред повеќе од една деценија.
„Невозможно е да се вратам на селекторската функција. Нема шанси, таа приказна е завршена во 2005 година. Секако дека постојат луѓе од федерацијата со кои сум близок, па Предраг Даниловиќ беше мој играч во Партизан. Тој знае дека сум тука за да помогнам со идеи, но и дека приказната за мене како селектор е завршена одамна. Исто така сум во многу добар однос и со Пешиќ, слободно можете да го прашате“, изјави Обрадовиќ.