Ненад Димитријевиќ повторно ја покажа сета своја кошаркарска генијалност откако македонскиот ас блесна во сиот свој сјај во мајсторката против Локомотив Кубањ, предводејќи го Уникс до победа од и пласман во големото финале од ВТБ-лигата.
Како што тоа беше случај и во ланскиот плејоф и во овосезонските дерби-дуели, македонскиот плејмејкер одигра најдобро кога беше најважно, покажува дека апсолутно заслужено е МВП на ова силно натпреварување.
Нено Димитријевиќ имаше 31 поен, шест скока и шест асистенции беше најдобар поединец на теренот. Помош имаше и од Ерик Грин со 17 и Маркус Најт со 12 поени, кои заедно со Македонецот беа триото со двоцифрен ефект во оваа мајсторка.
Големото финале меѓу Уникс и ЦСКА Москва ќе се игра до четири победи, а предноста на домашниот терен ќе ја има тимот на Димитријевиќ кој беше прворангиран по регуларниот дел од сезоната.