Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ го имаше своето деби во дресот на минхенски Баерн каде воедно се врати во најквалитетната клупска конкуренција Евролигата, и тоа со победа.
Во натпревар од 20.коло, одигран во Минхен, неговиот нов клуб Баерн, славеше над шпанската Басконија со 96-89.
За германскиот тим тоа само седмата победа сезонава, а Баскијците имаат еден помалку.
Димитријевиќ на теренот мина 17:12 минути, период во кој оствари учинок од 8 поени, а на пои додаде по 4 скокови и асистенции.
Веќе за два дена, Баерн го чека нов тежок натпревар и тоа на гости во Атина против Олимпијакос.