Нејтан Менсах, кошаркар од Гана, кој висок 206 сантиметри, а има распон на има распон на рацете од 226 сантиметри е нов член на клубот од Пиреја.
Менсах договори соработка до крајот на сезоната, а во договорот има опција за продолжување на уште една година.
Менсах ќе дебитира веќе в петок против Црвена звезда во рамките на 15. коло од Евролигата.
Менсах досега главно играше во развојната американска лига, каде што оваа сезона го носеше дресот на филијалата на Сан Антонио Спарс.