Кошарка

НБА лигата ја поништи суспензијата на Лука Дончиќ по инцидентот со Гога Битадзе

НБА лигата ја поништи суспензијата на Лука Дончиќ по инцидентот со Гога Битадзе

НБА лигата ја поништи 16-тата техничка грешка на Лука Дончиќ, доделена по вербален дуел со Гога Битадзе за време на натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Орландо Меџик.

Оваа одлука му овозможува на словенечкиот кошаркар да настапи на претстојниот натпревар против Детроит Пистонс, спречувајќи автоматска суспензија.

За време на натпреварот одигран на помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Орландо Меџик, дојде до тензија меѓу Лука Дончиќ и Гога Битадзе.

Дончиќ тврдеше дека бил испровоциран со тешки навреди упатени кон неговото семејство, изговорени на српски јазик.

Поради реакцијата на Дончиќ, судиите му доделија техничка грешка, која според правилата на НБА беше негова 16-та сезонава, што автоматски повлекува суспензија од еден натпревар.

Од друга страна, Битадзе, кој претходно настапуваше за Мега Баскет и Будуќност во АБА лигата, ги негираше обвинувањата, истакнувајќи ја својата почит кон семејните вредности.

To top