Кошарка убедлив триумф

МЗТ Скопје го запиша шестиот триумф сезонава во АБА2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до шестиот триумф сезонава во АБА2 лигата, откако вечерва го совладаа тимот на Шибенка (93-77) во последниот меч на турнирот во Нови Сад, а втор за тимот од Аеродром на турнирот во Нови Сад.

МЗТ Скопје го запиша шестиот триумф сезонава во АБА2 лигата

Неизвесноста во натпреварот траеше само во првите неколку минути, кога противникот поведе со 9-4 по што скопскиот тим врати со десет поени во низа, го презеде водството кое не го испуштив до самиот крај. До крајот само ја зголемуваа позитивата до највисоки плус 24 (79-55) пред крајот на третиот период, по што рутински го привршија дуелот со хрватскиот претставник.

Харис Делалиќ беше најпрецизен за „штрковите“ со 16 поени, пет скока и четири асистенции, а веднаш зад него беа Марко Баковиќ со 15 поени и седум скока и Ејасу Ворку со 15 поени и шест асистенции.

МЗТ е петтопласиран со скор 6-3 во пресрет на последниот меч на турнирот во Нови Сад, кој ќе го одигра во недела против домашната Војводина (18 часот).

To top