Денешниот пораз значи и дека тимот од Аеродром нема шанса да заврши на едно од првите две места пред разигрувањето.
Аеродромци ќе жалат за пропуштената шанса со оглед што имаа водство во поголемиот дел од средбата, а во неколку наврати тоа беше и со двоцифрена позитива
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Џон Гилон со 25 поени, Харис Делалиќ додаде уште 21, додека кај Златибор прво име беше Брано Ѓукановиќ со дури 33 постигнати поени.
Македонскиот шампион сега има 8 победи и четири порази и најмногу што може е да дојде е до третата позиција пред плејофот.
Сино-белите последниот дуел ќе го одиграат во недела против Широки од 18 часот.